Драмски текст: Некогаш работите едноставно не се како што ги замислуваме
(Ноќ.Темна и
глува.Пуста и далечна. Оставена сама, можеби прерано размислувам за животот.Или
не.Само размислувам за нештата во него.Секој горчлив пораз досега.Секоја пара
што ја должиме и дали некогаш ќе се ослободиме од тој товар.Никогаш не мислев
дека едно име на животно би се дало на нешто толку црно,горко и сосема туѓо.)
Петок попладне,часовите
завршуват а јас трчам кон работа. Го оставам ранецот во холот на куќата се
преоблекувам за да не ја накапам униформата и се фаќам на работа.
Госпоѓа Хаус: Мила,погрижи се
да го избришеш секој ќош на куќата, денес имаме гости! И побрзај! Внимавај на
вазната, трета колекција на еден уметник е!
Јас:Во ред,во ред.
Некако го прозборувам тоа под
здив и продолжувам со чистење.Го планирам остатокот од денот. По ова треба да
одам до ресторанот-денес се скратени со ќелнери.Ох, дали овие некогаш слушнале
за канта за отпадоци? Под креветов најдов секакви дрангулии.
(По чистењето,
госпоѓа Хаус ми ја тупнува платата а јас
летам низ вратата. Морам да стигнам до следната работа инаку ќе биде хаос.)
Задишано влетувам низ задната
врата на главната кујна и се буткам низ забрефтаните кувари. Ја облекувам
униформата и се фаќам за работа. Носејќи храна се удирам во една жена а чиниите
летаат насекаде.
Жената: Девојчиште бе! Нели
гледаш кај одиш? Ми ги посипа чевлите, навистина, имаш ли некаква појма каде одиш?
Ги собирам чиниите без
никаква сила да се расправам. Се сечам од еден од острите парченца но
продолжувам да собирам. Сакав да излезам од непријателски настроената средина
но не беше физички можно. Можеби по огромен труд би можела? Во осум се вратив
дома. Ме пречека долото трепкање на машината за приказ на основните човекови
потреби-ниво на кислород,крв и тн.. Кејти ме извести за состојбата на мама. По
половина час се врати и бато. Имавме скромна вечера.
Бато: Колку заработи?
Јас: Еве,ти? Мораме прво да
платиме струја,ќе ни ја исклучат за 5 дена.
Бато:Добро,не се грижи засега
е доволно.Утре ќе работам до доцна, не ме чекај, легни си навремено еднаш.
Излегов на малата терасичка .Мирисот на дожд измешан со мирисот на свеќи од
ванила... Мирис на есен. Поосамена од обично. Не јас. Есента. Мене ми е добро.
Го
комбинирам старото со новото, собирам моменти изминати. Кој може да ме обвини,
студеново време ми ги врати спомените. Премногу се. Посебно во сезоната на
калинките. Додека внимателно ги одбирам најубавите зрнца, не можам а да не се
сетам на мама.Некогаш седам на нејзиниот кревет и ѝ раскажувам како е
надвор во светот. Метежот на улиците и малите насмевки кои ти ги даваат луѓето
кога ќе направиш нешто добро за нив. Таа секогаш молчеше и слушаше. Изгледаше
уморно и бледо. Се мачеше само за нас но и ние за нејзе. Беше против моите 2
работни места и инсистираше на друг начин но некогаш работите едноставно не се
како што ги замислуваме.
(Зимата помина бледо. Безбројните ненаспани ноќи бидејќи таа машина
престануваше да трепка,ненаспани ноќи бидејќи мама пробуваше да го земе
последниот здив.Поминуваше низ кулминацијата на нејзината болест. Највисоката
точка и најболната од ракот.Пролетта настапи а со нејзе и месецот Март.Работев
уште поупорно за да добиеме доволно пари за третманот на мама. Еден чекор
поблиску до завршувањето на овој кошмар. Еден чекор до среќа.)
Се сретнавме со бато еден
попладневен ден. 1 ден пред 8 Март.
Тој весело ме гушна и неможев
а да не прашам за што беше исклештен така.
Бато: Мари, (моето вистинско
име е Марија) уште една твоја и една моја долга смена и ќе можеме да платиме за
терапијата на мама!
Се истркалаа солзи радосници,
се гушнавме и во себе си реков дека конечно успеав,дека конечно успеавме. Се вративме дома и двајцата во 12 вечер. Во
моментот ова беше најдобриот осмомартовски подарок,а понатаму ќе има подобри.
Кога влеговме се беше
супер,тивко и мирно. Отидовме да ја посетиме мама и тогаш останавме без
зборови. Кејти беше легната до нејзе на нејзиниот кревет и липаше а кога нè
виде уште погласно продолжи.
Розите што и ги имав купено
ми паднаа од рака. Викавме,плачевме но ништо не можеше да се стори. Бевме оние
мали бескорисни дечиња како кога не остави тој со мама. А сега и таа нè
напушти,засегаш.
Еден чекор напред а три наназат...
Животот не се одвива како што го замислуваш
Автор и уредник:Ања Јовановска VIII-4