Мојата идеална држава и граѓанинот како нејзина движечка сила
Сите некогаш во некој момент од
нашето постоење, од нашиот живот сме замислиле место без сите оние мали или
големи несреќи, без неправда, без страдање, болка и мала доза на горчливо. Тоа
замисла ја представувала нашата идеална држава, нашата утопија, нашето место за
починка. Можеби еден човек не е доволно моќен да го смени своето место на живеење
преку ноќ, но верувам дека еден човек е доволно моќен за да придонесе нештата
постепено да се менуваат и тоа баш на начинот за кој се дискутира на темата.
Мојата утопија би се сотоела од активни граѓани, граѓани кои се желни за
доброто на сите, граѓани кои ќе го повишат гласот против неправдите и нема да
ќутат само заради тоа што неправдата не влијае врз нив. Ќе прават добри одлуки
и несебично ќе помагаат. Ќе го представуваат срцето на државата и ќе го
одржуваат и хранат телото, наместо активно да го уништуваат. Ќе бидат едно кога
во вистински број се стотици...
Од година во година, од
генерација на генерација, луѓето си го поставуваат истото прашање: ,,Зошто постои
неправда во светот и како да ѝ се спротивстави? “. Секој пат, по обилни дебати
на оваа тема, прашањето не е решено. Кога имаме идеален модел на некоја идеална
утопија таа слика ни овозможува да го разгледаме проблемот на правдата во општи
услови. Ова значи дека имаме шанса да ја разбереме суштината на проблемот и да
не се збуниме повторно во деталите. Секогаш треба да
тргнеме од самите себе, наместо да очекуваме промената да се случи сама по
себе или благодарение на некој друг. Затоа треба самите да собереме храброст и
да почнеме. Не можеме со сила да ги менуваме нештата, но ако сме добар пример
за околината, таа со задоволство ќе посака да нè следи.
При сумирањето на сето ова, ако го голтнеме и дигестираме секој мој збор досега, би сватиле дека, за нашата утопија, треба да се смениме самите ние, да ги оттргнеме негативните особини кои го згорчуваат светот. Треба да почнеме токму ние, а ако сме пример ќе се сменат и другите а, и околината. Иако звучи приближно невозможно, бидејќи секогаш има личност која не се сложува со мислењата, или ги оттрга сепак, дали ние нејзе ќе ја слушаме зависи од самите нас. Во секој од нас лежи клучот на сопствената среќа и судбина. Ние треба едноставно да го најдеме!
,, Биди глас, не ехо! ”