Безбедни работници се добри работници

 


Стави си ја чичко капата,

чувај си ја раката.

Ќе падне црвен блок,

ќе настане силен молк.

 

Да те осигура градежна компанија треба,

бидејќи работата не е шега!

Директорот работници прима,

заштитна опрема за сите треба да има!

Ракавици, очила, јаже, заштитен шлем и маска,

со цел да не падне некој бетонски блок или даска.

 

Работниците безбедни треба да бидат,

семејство свое по работните обврски да видат.

Градежниците згради градат,

цвеќиња не садат!

За безбедно да ви минуваат дните,

чичковци Ве молам заштитна опрема носете сите!

 

Автор: Калина Караџоска V-1

Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче