Најпознати први реченици во книжевноста
Можете ли да препознаете одлична приказна
само според првата реченица на книгата? Мене ми се случило неколку пати да ме
привлече роман на самиот почеток, од првата страница. Добрата прва реченица може да го
заинтригира нашето внимание, да ни ја разбуди љубопитноста и да нè натера
да читаме понатаму. Во овој напис со вас ќе споделам неколку од најпознатите
први реченици на книги што ги напишале некои од најпознатите автори. Дел од нив
ми се прочитани, а дел трпеливо си го чекаат својот ред на полиците во мојата
соба.
- „Сите среќни семејства се слични едни на други. Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ - Ана Каренина, Лав Толстој
- „Далеку во неистражената и изолирана периферија на една зафрлена област на западниот спирален крак на галаксијата, се наоѓа малечко, неугледно жолто сонце.“ - Автостоперски водич низ галаксијата, Даглас Адамс
- „Викајте ме Ишмаел.“ - Моби Дик, Херман Мелвил
- „Многу години подоцна, пред стрелачкиот вод, полковникот Аурелијано Буендија ќе се сети на она далечно попладне кога татко му го однесе првпат да види мраз.“ - Сто години самотија, Габриел Гарсија Маркес
- „Задоволство беше да се пали.“ - Фаренхајт 451, Џорџ Орвел
- „Вие не ме познавате, освен ако не сте ја прочитале книгата насловена ’Авантурите на Том Соер‘.“ - Авантурите на Хаклбери Фин, Марк Твен
- „Општо признаена вистина е дека на богат неженет човек му е потребнa сопруга.“ - Гордост и предрасуда, Џејн Остин
- „Сите деца, освен едно, растат.“ - Петар Пан, Џејмс Бари
- „Господин и госпоѓа Дарсли од Привет драјв бр.4 со гордост можеа да кажат дека се совршено нормални, ви благодарам многу.“ - Хари Потер и каменот на мудроста, Џ. К. Роулинг
- „Во дупка во земјата живееше хобит. Не во гадна, валкана, влажна дупка исполнета со црви и застоена миризба, ниту пак сува, гола песочна дупка во која нема на што да се седне или да се јаде; тоа беше дупка за хобит, а тоа значи удобност.“ - Хобит, Џ. Р. Р. Толкин
Која
книга го привлече вашето внимание уште со првата реченица? 🙂
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3