Креациите на Давид од V-1

 
Давид Трајановски е ученик во V-1 во нашето училиште. Неговата креативност се гледа преку изработката на креации/конструкции од различни материјали (хартија, картон, лего коцки...).

 Едни од неговите последни изработки се: автомобил и чамец изработени по повод конкурсот на Пакомак. Но не е само тоа, Давид минатата година изработи и прекрасна макета на училиштето по повод патрониот празник на нашето ООУ„Дане Крапчев“ која беше изложена во холот на училиштето. Учествуваше и во наградниот конкурс по повод 1 Април 2021 година за изработка на креативна заштитна маска и освои 3 место.




  Во оваа прилика Давид Трајановски одговара на неколку прашања:

· Давид, од кога се занимаваш со изработка на различни крации/конструкции?

· Уште на 6 годишна возраст започнав да посетувам часови за изработки на лего модели по дадена шема и од тогаш се роди креативноста во мене.

· Кој ја поттикна кај тебе креативноста за такви изработки?

· За да се занимавам со овој тип на изработки ме поттикна мојата мајка. Заедно со неа изработуваме најразлични декорации за балкони, модели од хартија и многу други креации. Задоволството при работата е огромно.

· Потребно ли ти е многу време за да изработиш една твоја креација/конструкција?

· За изработките од хартија ми требаат неколку денови, најпрво да се подготви и набави материјалот кој ми е потребен за работа, да се залепи, добро, да се исуши и да се обои. Потребна е голема прецизност при работата за моделот да изгледа убаво. А, пак за лего конструкциите кои ги изработувам потребни ми се од неколку минути до неколку часа во зависност од тоа колку материјал има за склопување.

· Какви материјали и прибор најчесто користиш при работата?

· Најчесто користам хартија, лепак, материјали за рециклирање, но понекогаш и камен, гипс, украсни материјали.

· Кој ти дава најголема поддршка и помош при работата?

· Најголема поддршка ми се моите родители, а помошта ја добивам најчесто од мајка ми.

· Каде најчесто ги изложуваш твоите изработки?

· Дел од моите изработки ги изложувам дома, а дел од изработките се изложени и во училиште (во училницата, во витрините за изложби во ходниците, во холот на моето училиште). Горд сум на моите изработки.

· Имаш ли учествувано некаде на некој избор за креативна идеја со твоите изработки?

· Имам учестувувано на училишниот маскенбал по повод 1 Април денот на шегата (2021 година) со изработка на креативна заштитна маска каде освоив 3 место. Оваа 2022 година учествував на натпреварот на Пакомак за изработка на креација од материјал кој може да се рециклира, но не освоив награда. Сепак најважно беше да се учествува.

· Со што планираш да се занимаваш во иднина?

· Во иднина имам желба да одам на натпревари со картинг како мое второ хоби и секако во слободното време планирам да продолжам да ги реализирам моите кретивни идеи.


                   



Автор: V-1 
Уредник: Михаела Димчова VIII-2


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче