Ретко е да си редок
Ретко е да си редок, но како и да е ти повторно можеш да
бидеш наш херој, наш пријател, наше скривно место каде се чувствуваме убаво.
Колку и да е ретко тоа што ти си редок не значи дека ти си нешто подоле од нас, туку баш напротив наша должност е да те прифатиме на најубав можен начин. Со самото наше ширење љубов и грижа кон тебе правиме пред сѐ ти да се чувствуваш убаво, а потоа и ние самите што сме дошле до еден ваков чекор и сме станале навистина вистински и совесни луѓе. Реткоста некогаш е и убава, те прави посебен и свој на некој поинаков начин. Начин што можеби не е толку вообичаен за нас. Начин што ќе нѐ научи како да подадеме рака, без разлика што е некој е поразличен од нас. Треба да бидеме сложни и да бидеме рамо до рамо сите, да знаеме дека имаме некој на кој можеме да се потпреме кога ни е тешко, некој со кого ќе ги делиме среќните моменти... Не гледам никаква разлика за и децата со ретки болести да не го чувствуваат ова. И тие сакаат како што сакаме ние, и тие можат колку што можеме ние, и тие бараат почит и разбирање од сите нас без истакнувајќи го тоа дека тие се ретки на некој начин. Да, тоа е факт. Не можеме да избегаме од тоа, ама можеме нивниот свет да го направиме уште поубав само со многу љубов и разбирање.
Тие се ретки и се над сите, тие се поинакви но сепак
толку исти, тие се интелигентни и имаат големи желби во животот. Со само една
насмевка, еден убав збор, еден комплимент можеме да го направиме нечиј ден
многу поубав, па било тоа и да е дете со ретки болести. Сакајте се!