Песна за татковината

 


Татковино моја, шарена, цветна,

во себе ги носиш сите бои,

и бојата на сонцето и бојата на љубовта

што треперат нежно во градиве мои.

 

Во шумот на изворот бистар,

во лисјата на гората вишна,

ѕунат, ечат

старите песни на предците мои,

се разлева песна за дамнешно време

и победи твои.

 

Во секоја тревка, во секое цвеќе,

на твојата почва родно што цвета,

во детските срца и во нивната смеа,

ќе живееш ТИ, сакана моја,

уште безброј, вечни лета.

 

Автор: Лука Петков VI-3

Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Нашето ново катче