Чиста средина
Нашата природа убавa,
треба да се чува.
Секој зад себе да чисти,
во тоа да сме исти!
Воздухот почист да е,
сонцето да ни сјае.
Реките бистри да течат,
а не отпад да влечат!
Отпадот да се складира,
паметно да се рециклира.
Заедно да се потрудиме,
за резултати да имаме!
Автор: Стефан Арсевски V-1
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3