Стрес- чест дел од "ученичкиот" живот

 Стрес. Овој збор што не е невообичаен за нас,учениците. Мислев дека токму сега е совршено време да пишувам на оваа тема бидејќи учебната година отскокнува, тестовите се редовни, а Maj не гледа со црвени очи и зла насмевка. Стресот е вообичаена емоција која резултира на начинот на кој едноставно ги живееме нашите животи и без разлика на што, знае да биде многу напорно. Заради држење до ученичкиот живот денес ќе пишувам за стресот во однос на училиштето, односно како да го победите.

1) Учете колку што можете повеќе. Сега го нагласувам зборот „може“ затоа што сакам да нагласам дека штом ќе помислите дека сте учеле до тој степен каде не можете да задржите повеќе информации, СТОПИРАЈТЕ. Колку и да сакате да продолжите да учите затоа што морате, запомнете дека тоа нема да биде корисно. Вашиот мозок нема да задржи повеќе информации ако учите екстремно долго, особено ако е доцна и сте уморни.


2)Учете ефикасно: користете ја техниката помородо кога учите. Ова значи дека учите во збирни сесии. Вашата способност ефективно да запамтите информации се намалува по околу 25-30 минути. Тоа значи дека по 15-30 мин. вашиот мозок ќе "ослаби" и ќе престане толку добро да ги збира иформациите кои ги внесувате.Оваа техника сугерира дека треба да го разделите вашето време за учење на повеќе помали сесии. Учете 25 минути директно, а потоа направете пауза од 15 минути. Исто така, наградете се за време на вашата пауза! Земете ужина, разговарајте со семејството... Опуштете го умот пред да започнете повторно да учите. Можете да го измерите вашето време користејќи бесплатен вебсајт како што е овој тука. Но можете да најдете и други кои ќе бидат баш за вас!


3) Организирајте се. Последното нешто што сакате е да завршите со тони работи што треба да ги направите во краток временски период. Оставањето на работите во последен момент го прави стресот 10 пати полош. Земете планер, наведете ги работите што треба да ги правите во текот на денот а кога ќе ги извршите едноставна штикла ќе ви даде до знаење дека сте слободни .


4)Најдете време за себе. Правете ги работите што најмногу сакате да ги правите во слободното време или за време на паузите. Вежбајте, читајте.. што и да е тоа што ве прави среќни и опуштени.


5)Спиј. Убедливо најважното. Причината поради која го ставам ова последно е затоа што ако го направите сето горенаведено, ќе имате доволно време да спиете добро. Тоа му овозможува на вашиот мозок да работи добро кога ќе се разбудите!





Автор и уредник:  Ања Јовановска VIII-4


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче