Со убав збор до посакувана цел!

      

     Сите сте ја слушнале поговорката дека убавиот збор железни врати отвара. Јас само би додала дека секој збор треба да биде во склад со нашите дела.

     Знаете убавиот збор не вреди ништо ако не е кажан искрено, ако не се верува во него и ако постапуваме спротивно од кажаното. Кога ќе го усогласиме процесот на исполнување на зборовите преку нашите акции, тогаш значи дека сме доследни на себе и можеме да се наречеме „луѓе од збор“. Сигурно ви текнува на некој во нашата околина кој едно мисли, друго зборува, а трето прави. Дали можете да му верувате на таков човек? На човек што не си ги исполнува ниту сопствените зборови, ниту ги усогласува мислите со сопственото верување и постапки? Сигурна сум дека секому барем еднаш му се има случено да си го згази сопствениот збор поради одредена причина. И што се случува тогаш? Некој ќе се измачува и ќе се прекорува до бескрај зошто постапил така, а на некој нема да му биде воопшто грижа и ќе го направи тоа уште неколкупати без грижа на совест. Тоа ја прави разликата на луѓе кои знаат дека себеси не можат да се излажат и кои имаат високо развиено ниво на самосвест и преземаат одговорност за своите постапки и останатите кои се лажат сами и успеваат да се убедат дека нивните лаги се вистинити.

    Убавиот збор ќе не води секаде во животот па затоа размислете пред нешто да кажете.

                                                               

image             Автор: Јована Ивановска VIII-3

                                                                                               Уредник: Сара Ангелова VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче