За децата со ретките болести

 

За децата со ретките болести

 

Во денешното секојдневие многу пати кога ќе видиме некој поразличен од нас го судиме на прв поглед. Но зошто? Зошто го правиме тоа?

Се случува на многу луѓе, но најчесто на децата. Сепак кога сме помали знаеме да се „задеваме“ или да навредуваме луѓе кои се поразлични од нас.

Ако некој е ограничен во своите можности, му треба повеќе нега, често треба да посетува лекар, да се грижи за своето здравје на различен начин и слично не значи дека е помалку вреден од нас.

Сите сме ние луѓе и сите имаме исти права и никој не е совршен.

Тие се малку, но сепак се тука.

Ретки се но се наши другарчиња, соседи, пријатели...

Да бидеме тука за нашите другарчиња, секогаш со утешен збор и поглед,  да знаат дека некој е тука за нив, ги разбира, почитува..

Да се има попреченост не значи да се биде различен туку токму спротивното-  да се има различен пристап кон работите.

Колку само би бил светот поубаво место за живеење ако се прифатиме такви какви што сме. Затоа што светот е сложувалка која непречено треба да ја сложуваме заедно.

Не треба да имаме предрасуди кон разликите помеѓу нас особено кога се работи за здравјето на луѓето.

Велат дека не смееме да судиме никому додека не се најдеме во неговата кожа.

Сонувам да живееме во свет каде сите ќе бидеме еднакви. Среќни и безгрижни, здрави.

Да ги отвориме срцата, да подадеме рака како знак на поддршка бидејќи како деца најдоброто нешто кое умееме да го правиме  е да сакаме, почитуваме, да бидеме добри деца.

Различни од надвор, блиски и исти во срцата!



Aвтор и уредник:

Катариана Пислевиќ 7-2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче