Мравка

                                                                          Мравка   

           Мравки се еусоцијални инсекти од семејството formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenopteеa.  

Мравките се појавиле наеднаш околу светот во доцниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци.

 Повеќе од 12.500 од проценетите 22.000 видови на мравки се класифицирани до денес.    Тие  се присутни на речиси секој континент и остров на светот. 

Единствените места на коишто нема домородни мравки се Антарктикот и неколку ненаселиви острови. Мравките удобно живеат во повеќето екосистеми и вообичаено сочинуваат меѓу 15-25% од живата маса на копнени животни.  

  Речиси сите мравјалници имаат и плодни машки единки кои се наречени дрони, но и една или повеќе плодни женки наречени матици. 

Мравјалниците се нарекуваат и суперорганизми затоа што мравките работат како едно, унифицирано суштество, за да ја поддржат заедницата. 

Тие имаат голем број на еколошки начини на преживување и имаат способност да искористат разновидни видови на храна како директни или индиректни растителнојадни животни, грабливци и лешинари. Повеќето од видовите на мравки се сештојадци.

Мравките се разновидни по боја, но сепак повеќето се црни или црвени, но неколку видови се зелени а некои од тие што се наоѓаат во тропски предели имаат метален сјај. Повеќе од 12.000 видови се досега познати (од проценети 22.000 видови), најголемата разновидност на мравки е присутна кај тропските предели



Автор:Теа Јордановска VII-3 Уредник:Катарина Пислевиќ VII-2


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче