Моето замислено патување патување околу светот.

 


 

Грабнав уште една книга од Горјан Петрески и се фрлив на креветот.Марта.

Во ноќи студени и сурови како оваа, три часот по полноќ е најнеобично време за кафе. Демнам, во исчекување на најпогодниот миг да го отворам прозорецот. Студениот здив на ноќта како влажно пипало ја осознава внатрешноста на просторијата.
Решив да си скротам парче ноќ. Ќе го земам при мене од мало и ќе го припитомам. Ќе го чувам в соба. Дење ќе го кријам под покривките, во темните ќошиња и во ноќните мисли. Ноќе ќе му дозволувам да изведува се што му е во природата. Ќе го научам да ми свири да се движи тивко, никој да не го научи дека е тука. Ќе го научам да внимава на свеќите, да не ги растегнува хулахопките низ соба и да не си игра со фотоапаратот. Ќе го учам мирно да ме чека, да прави умни работи кога е само. Ќе му давам да спие на креветот со мене кога е студено, и да се оптегнува на прозорецот кога е жешко. А тоа мене? Тоа ќе ме научи да го шетам светот. Исто како него. Да се вивнам високо и да се спуштам каде треба.Се учиме заедно. Јас брзо го зграпчувам материјалот и наскоро сум спремна. Посетувам мориња, водопади езерца.Неверојатни места каде секој сака очите да ги распосла. Сурфам на Хаваите и скијам на некоја висока планина. Нова година ја поминувам во Лондон. Велигден во  Париз а потоа накратко се вратив дома. Ги поситетив интересните животни кој живеат близу Амазонската река и викав и бегав од огромните инсекти во Мадагаскар. Проучував пингвини а потоа беше ред да одам во Токио за суши и нудли.Одеднаш светот се замати. Ги отворив очите и го пронајдов загрижениот поглед на мама и книгата до мене.Така заврши моето патување низ светот.



Автори и уредник: Ања Јовановска VIII-4


Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче