Одовлекување на внимението-маката на секој ученик

 

Се чини дека возрасните мислат дека не треба да дозволиме нашите проблеми надвор од училиштето да ни се мешаат во учењето. Погодете што? Некои одвлекувања се неизбежни и не можеме лесно да се ослободиме од нив.Сигурна сум дека повеќето од вас имаат приказни за раскажување од моменти кога сте биле целосно расеани на часовите, причината е дека нешто ви се случило надвор од училиштето за што не сте можеле да престанете да размислувате. Сите сме биле таму. Таа надворешна случка би можела да биде се - од проблеми со симпатијата, другарите па дури и караница со сестра или друг член од семејството. Да бидеме искрени не се само мислите кои можат да ни го грабнат вниманието. Тука е и дружината. Оцените може да ви се удават заради најново излегување со другарите/другарките. Но разбудете се порано! Она што го научив е дека вашиот сегашен социјален живот е 100% привремен. Пријателите доаѓаат и си одат. Всушност, ќе ги има оние 2-3 личности, ако имате среќа, кои ќе се држат покрај вас низ вашите летови и падови. Но како што спомнав, не дозволувајте привременото да го уништи она за што сте работеле напорно во текот на сите тие училишни години.За крај, ајде да зборуваме за најголемото одвлекување од сите нив… нашите телефони.На часот ние 90% ја совладуваме лекцијата- ако слушаме внимателно, нормално. Преостанатите 10% се освојуваат со читање од учебник и тетратка. Но повеќето од ученици го поминуваат часот блеејќи во телефон. Наједноставно решение-телефонот со исклучен звук убаво ставен во чантата.Додека учиш пак телефонот ставен во друга соба или исклучен.





Запамтете!

Никогаш нема да ја достигнеш дестинацијата ако застануваш и фрлаш камења на 

секое куче кое лае.

-Винстон Ч.


Автор и уредник:  Ања Јовановска VIII-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче