Јас сум семче
Јас сум јаболкница во градината на дедо Лазе. Сега ќе ви раскажам како од мала семка пораснав во дрво.
Дедо Лазе јадеше јаболко, а јас бев малата семка во јаболкото. На дедо Лазе му текна да ме засади. Во земјата не беше светло, а и ми фалеше вода...
Заврна и водата дојде до мене. Кога се напив вода почнав да ’ртам. Од мене излезе мало коренче и мало стебленце. Коренчето почна да расте надолу, а стеблото нагоре. Растев и растев и го здогледав сонцето. Пробав да го дофатам и гушнам, но попусто моите гранки беа мали и кратки. Секој ден бев сè поблиску до него. Почнаа да ми растат листови. Се претворав во дрвце кое со својата крошна на дедо Лазе му држи сенка кога одмараше.
Ќе бидам среќно дрво, иако не успеав да го гушнам сонцето, но следната година посакувам да имам јаболка на мене, кои ќе ги јадат внучињата на дедо Лазе.
Текстот е напишан како активност за реализирање на меѓупредметна интеграција на часовите по македонски јазик и природни науки.
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3