Мојата солидарност израдува многу лица
Солидарностa е... она што треба да го има секој човек.
На жолтата клупа беа оставени неколку книги над кои имаше црвени очила. Позади стаклото на очилата имаше оставено ливче, на кое со ситни букви имаше напишано „Солидарноста е она што треба да го има секој човек“.
Се зачудив што би можело да значи солидарност. Можеби значи пристојно однесување, можеби е друг израз на здравје или пак топол дом. По кратко размислување и завршување на малиот одмор се решив да ја прашам наставничката. Влегов во училницата, а наставничката беше дојдена. Се приближив до катедрата и ја прашав.
- Наставничке, што е тоа солидарност?
- Солидарност е кога некој ќе му помогне на оној на кому му е потребна помош - рече наставничката.
- Значи не е топол дом?
- Не, не е! Солидарноста е поврзана со текстот кој го читавме вчера.
- Значи тоа е солидарност! - се досетив. Кога птицата му го скина црвеното јаболко на детето, нешто слично така!
- Да, така!
- Убаво е да бидеш солидарен! - ми кажа наставничката.
Реков во ред и се вратив на место.
Седнав на клупата и започна часот. Брзо поминаа и другите часови. Поминаа и деновите, а јас дознав дека девојчето кое ги оставило книгите и црвените очила живеело во дом за деца без родители. Била тажна бидејќи ѝ се приближувал роденденот, а никој не сакал да ѝ помогне да ја украси собата и да ги надува балоните, кои ѝ ги дала наставничката. Јас решив токму на нејзиниот роденден да поделам пакетчиња за сите деца кои живеат таму. Мама и тато разбраа за мојата идеја и се согласија. Токму на нејзиниот роденден отидовме да ги поделиме пакетчињата. Сите деца се израдуваа и почнаа да скокаат од среќа. Ги поделивме пакетчњата. Девојчето со црвените очила беше пресреќно бидејќи ѝ дадовме пакетче. Ѝ помогнав да ја украси собата и да ги закачи балоните. Девојчето ми се заблагодари и ме замоли да останам на забавата. Останав и ми беше забавно. Ѝ помогнав да ја среди собата по забавата, а потоа си отидов.
По ова сфатив колку е важно да му помогнеш на некого за нешто. Солидарноста можеби има многу букви, но зборот е навистина вреден. Доколку си солидарен ќе бидеш среќен бидејќи секој ќе те почитува и сака. Затоа бидете солидарни, помагајте на оној на кому му е потребна помош!
Автор: Калина Караџоска V-1
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3