Крводарителство

 




За да даруваш крв треба да имаш пред сè храброст, потоа и зрел ум а низ сето тоа, водилка, да ти биде добрата намера. Секоја година низ целиот свет се обележува

14 Јуни- Светскиот ден на крводарителството.

Преку разновидни настани организирани на овој ден се става акцент на донирањето крв како можност за нова страница од книгата, нова надеж, нов живот.

Преку овој ден се крева свеста за потребата на редовни крводарители со цел да се обезбеди безбедна и достапна крв за лицата кои имаат подреба од неа.

Насликај го крводарителството како чин, постапка, при која се покажуваат основните човечки вредности: емпатија, почитување и љубезност

Насликај го како збор и веднаш се влева прекрасно чуство на топлина, можност да помогнеш на некој кој едноставно немал среќа. Можеби кај тебе ќе протече чуството на моќ, моќен си да направиш промена.

Можеш да го насликаш и како слика! Очите веднаш застануваат на нејзе.Нечии очи ќе покажат насмевка, а некои можеби и завист бидејќи не биле онолку храбри како тебе.Сепак ова добро дело лежи во нашите раце, како ние размислуваме, постапуваме и колку сме храбри да го исполниме. Размислувам и од срце велам дека е можно да се направи,можно е а се осветли патот на другиот, лесно е да се прилепи насмевка на друг лесно е да се влее надеж, но тешко е истата да се одземе!

 

Секој крводарител е  херој!


Автор и уредник Ања Јовановска VIII-4



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче