Поезија со мотив „Езерска слика“ од шестите одделенија
Сонцето со зраци грее,
детето весело се смее.
Водата свети,
а полјаната цвети.
Небото е бистро,
езерото е чисто,
птиците насекаде летаат,
езерските бранови ги гледаат.
Брановите се набираат,
а луѓето пливаат.
Децата се смеат,
срцето на езерото го греат.
Езерото во
мојот роден крај
Охридско Езеро
се вика знај!
Автор: Аника Велковска VI-1
Езеро, езеро мило
покриено во далечина со сино
чисто, проѕирно што блеска,
а јас само плескам.
Рибарите ловат,
а луѓето со чамци пловат.
Навечер сме под покрив,
а преку ден ние сме мокри.
Езеро, езеро чисто што плиска
постојано на тебе мислам.
Ти си за мене најубава слика
што во душата ми создава блика.
Автор: Алек Јовановски VI-1
Езерската слика има чуден сјај,
најубава како во месецот мај.
Тоа е прекрасен сјај,
па дури се гледа и од рај.
Езерската слика има убав поглед,
па дури кога се гледа и со двоглед.
Група деца радосно се смеат,
додека птиците тивко пеат.
Бел галеб со прекрасен сјај,
се враќа во својот крај.
Над езерото птици летаат,
а децата покрај него се шетаат.
Автор: Јана Павловска VI-1
Небесна сина боја
во бистрото езерце се одликува,
додека душата ја создава моја
сонцето утринско се издигнува.
Рипчињата брзо пливаат,
дечиња покрај брегот си играат,
мојот роден крај
Охридското Езеро е знај.
Додека ластовичето
на пролетната гранка пее
Охридското Езеро се лее.
Автор: Стефани Благојевиќ VI-1
Крај сините бранови голема
група деца весело се
смее.
Додека ветерот нежно си дувка
птиците мило пеат.
По езерото хартиено бротче
мирно си плови
направено од мило дете
кое љубопитноста го
води.
О, езеро мое мило, ти најубаво
на светот си било
и јас дознав дека во срцето
ти си ми се скрило.
Автор: Вероника Златковска VI-1
Најубаво си ти, езеро чисто,
секое твое камче
и во длабочина се гледа чисто.
За некого си забава,
за некого лек,
а за рибите пак, кревет, удобен-мек.
Бескрајното синило
и езерската шир,
секому му дава
спокојство и мир.
Инспирација си вечна
на секој млад и стар.
Убавината опеана
ни е од природата дар.
Автор: Тара Спасиќ VI-2
Лебедот на Охридското Езеро спие,
своите крилја нежно ги крие.
Рибарот со кајче плови,
риби со јадици сака да лови.
Од негде ветрот се јави,
бранови некој сака да прави.
Кајчето несигурно броди
бранот кон брегот го води.
Галебот крилјата ги рашири
над езерото да летне,
ѕвонлив испушти крик
на кајчето слета, се поздрави
и си отиде за миг.
Автор: Катја Карчев VI-3
Плис-плас, плис-плас,
тивко бранот брани,
чекорам по брегот
со езерото сме сами.
На запад гледам полека
сонцето си оди.
По небото тивко мал облак мина,
тишината ноќна полека ја скина.
Плис-плас, плис-плас,
тивко бранот брани,
езерото и јас
повторно сме сами.
Го заклучив во себе
облакот и сината вода,
за езерото сино во мене
песна да се роди.
Тивки силни
се бранови твои,
што носат мали
риби в рој.
Над водата бистра
изгрева Сонце златно,
ги буди рибите,
а рибарот фрла платно.
Лебедот како украс бел,
со раширени крилја цел,
низ езерото броди,
како крал низ водата оди.
Ена Јордановска VI-4
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3