Летник

 Летнике македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 1 март и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија 

Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи.  

Празникот најчесто се празнува во  Западна Македонија, односно во Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко. Празникот има повеќе народен отколку верски карактер и се смета дека е од паганско потекло.  

Според сведоштвата на луѓето празникот Летник започнувал да се празнува уште во раните утрински часови на 1 март. Веднаш рано изутрината штом ќе се станело од спиење, луѓето гледале и барале да здогледаат некоја птица за според верувањето да бидат лесни како птица преку целата година.  

Потоа погледнувале во своите џебови дали имаат златна или сребрена пара за преку годината секогаш да имаат пари и успех (бериќет). 

Се излегувало во шумите и планините и од таму во домовите се носеле тукушто расцутени дренови гранки и кај куќното огниште и луѓето наизменично се фаќале за дреновата гранка и за синџир за преку годината да бидат здрави како дрен и цврсти и силни како железо, а потоа за здравје се каснувале пупките од дренот.  

Младите деца береле суви гранки и оделе од куќа до куќа фрлајќи ги во куќните огништа велејќи: Колку пламенчиња, толку дечиња . 

На Летник задолжително доколку се одело во посета на некоја куќа се носело гранка од дрен, а домаќините го гоштевале гостинот со ореви, варена пченка и благо. Тој што ќе се погодел прв во денот да им влезе на домаќините во куќа, годината им минува со радост и успех  од него, па затоа домаќините идната година на Летник го бараат повторно да им влезе в куќа , зашто за него се верувало дека е со „среќна рака“. 






Автор:Бисера Стојменовиќ  VIII4 одд

Уредник:Ања Јовановска VIII4 одд

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче