21 Март – Меѓународен ден на лицата со Даунов синдром

Денеска облечете шарени чорапи


Дауновиот синдром претставува состојба, а не болест! Денеска, кога светот го одбележува 21 март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром, облечете чорапи и покажете ја вашата поддршка. Покажете им на овие лица дека се грижите за нив и ги прифаќате онакви какви што се, од глава до петици, без бариери и предрасуди. Тоа е и единствената нивна желба (и право): да бидат прифатени како и сите други.

Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром е востановен во 2006 година, а датумот – 21-от ден од 3-от месец во годината, беше симболично избран за да ја означи уникатноста на трипликацијата (трисомија) на 21-от хромозом кој предизвикува Даунов синдром.

“Етикетите се за облека, не за луѓе“. Девојче со Даунов синдром, Кора Бишоп – успешна на модните писти.


Автор: Јана Јаневска V-3 
Уредник: Михаела Димчова VIII-2 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче