Светскиот ден на среќата- 20 март

   Од пред пет години се одбележува Меѓународниот ден на среќата. Обединетите Нации на 28 јуни 2012 година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет. Некогаш е потребно малку да се чувстуваме добро. 

  Среќата ја чинат мали работи, секојдневни ситници на кои често не обрнуваме внимание. Ако сакате да се чувстувате подобро и генерално да бидете среќна личност, за тоа не е потребно многу.

  Токму затоа, почесто применувајте ги овие трикови кои нема да ви ја симнат насмевката од лицето.

1. Прифатете се себеси - Низа истражувања укажуваат на тоа дека среќните луѓе го сакаат она што можат да го добијат и не тежнеат кон невозможни работи. Така најлесно ги избегнуваат разочарувањата.

2. Живејте во сегашноста - Не жалете за она што било, не успеало или било само лош избор. Но, не претерувајте ниту со фантазирањето и не ја идеализирајте иднината. Живејте сега, најдобро што знаете и можете.

3. Насочете ги мислите во позитивен правец - Среќните личности се вечни оптимисти. Кога победуваат се посреќни, но кога губат се помудри, не поразени.

4. Уживајте во она што го правите - Ова е најдобриот рецепт за среќа кој можете да го примените. Никогаш не правете нешто заради пари, слава или моќ.

5. Престанете да се грижите - Не ги прифаќајте работите премногу сериозно. Среќните луѓе не се грижат, затоа што се свесни дека 90% од класичните, секојдневни грижи никогаш не се остваруваат.


  12 тајни на среќата

  • Бидете задоволни со она што го имате
  • Уживајте во она што го правите
  • Живејте за денес
  • Изберете ја среќата
  • Среќата е во врските
  • Бидете зафатени
  • Не се споредувајте со други
  • Бидете она што сте
  • Заборавете ги грижите
  • Организирајте се
  • Мислете позитивно
  • Ценете ја среќата
                                                                                       












Автор и уредник: Сара Ангелова VIII-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Нашето ново катче