Заштита од насилство

 

Ако твоето сопствено семејство е против тебе и ако не ти е потпора

кој ќе го заземе нивното место ?

Полноќ.Излегов сама на дождливото време да ми ги измие солзите.Погледнав во небото и почуствував осаменост.Стоев така сама и немоќна на улицата.Малите светулки се сокрија зад темните облаци.Така, чуствувајќи се напуштена ја сватив иронијата на капките дожд и го почуствував студенилото кое сум го насобрала. Ноќта. Темна и глува.Пуста, далечна.Се фрлам во прегратките на ноќта. Таа ме обзема и ме лади. Ги лади модринките кои болно се шират на мојата кожа. Ми го заема секој здив.Се обидувам да ги закопам емоциите. Останува исто. Безпомошно. Безуспешно. Трчам,  врескам но никој. Морам да преживеам,затоа што едноставно морам. Уморна од трчање. Едвај дишам, има вода во мојот брод.Пробувам да  не тонам.Но како? Собирам сила за повторно трчање. Вискоите згради мудро и таинствено молчат.Стигам до дрво. Тоа сурово дрво, без душа, без срце, без капка чуства. Гледам пар очи. Гледаат во мене. Гледаат право во мојата душа.Чуствувам шлаканица. Следи обичното гласно викање. Шишето се истрошило. Касно е за купување. Уште една остра шлаканица.Дома. Суво и ладно.Го слушам тивкиот плач на сестра ми.

"Престани ја! Престани го детево веднаш!"

Плачот продолжи.Тој беше во кујната.Го зеде ножот и остро се затрча. Испуштив гласен вресок.Се заврте накај мене. Соколски очи ме забија во градите и се најде пред мене.Повторна шлаканица, го грена ножот но мама го запре.Изнервирано си отиде. Си легна. Се гушнавме. Мама се јави на телефон. Стана. Праша кој е.Пријателка.Секундите се претворија во минути и вратата присилно се отвори. Мама ја земаа на лекување од многуте повреди. Мене и сестра ми нè одвоија. Викавме и плачевме. Сакав да бидам со нејзе. Сакав да ја гушнам. Сакав да ја излажам дека сè е океј и не треба да се грижи.Го земаа. За малку ке се стрчаше пак кај мама.Созлзите по оваа фаза веќе беа невозможни за стопирање. Се гушам. Болката толку ме гази. Ме гази до болка.Ми ја копа раната и не и дозволува да задрави.

 


 

Автор и уредник:Ања Јовановска VIII-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче