Утра студени

 

Петел вика деца буди,

ќебе тргни многу студи.

Изми лице заби ми,

Земи топли кифли мајчини.

Стопли душичка чајче пи,

и чувај се од утра студени.

Џемпер,јакна облечиси ти,

и не трпи студови.

Маска стави до нос,

и никако не оди бос.

Овој студ е многу чуден,

камен пука, јас сум буден

штипе, боцка како шило,

ќе те касне каде било,

најчесто по образ, нос,

каде што си гол и бос.

Кога сечко дува, коси

настинка во џебот носи.

Здравје на прво место,

 па за другото е лесно!


Автор: Давид Јаневски VIII-1

Уредник: Сара Ангелова VIII-3

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче