Некои деца имаат несреќно детство

 Ние учениците од седмите одделенија пишувавме на тема

 „Некои деца имаат несреќно детство“

на часот по Македонски јазик па еве неколку од нашите состави.

 Уживајте!





      Некои деца имаат несреќно детство

  

    Овој наш свет е и убав и весел и среќен ако имаш услови и знаеш како да го живееш. Секој што дошол на овој свет треба убаво да го проживее својот живот. Да има семејство, другари, пријатели. Да расте, да се образува, да се развива 

    Во овој свет има среќни и тажни судбини. Има и сити и гладни деца. Имало војни и страдања. Но, луѓето полека се освестувале дека со насилство не се постигнува ништо добро. Само со љубов и добрина се победува секое зло. Само децата се со чисти души и не прават зло. Затоа на сите деца во светов јас им посакувам многу здравје, љубов, среќа, топол дом и само добрини и разбирања за сите што не се како нив. Да си помагаме едни на други, да ги почитуваме сите без разлика на вера и националност. Сите сме деца и сите заслужуваме среќно и весело детство. 


Автор: Ангел Крстевски 7-2


  Некои деца имаат несреќно детство 

 

 

Животот е краток. Еднаш се раѓаме,еднаш умираме и само еднаш сме деца. Секое дете на светов бара љубов, семејство, топол дом и радост. Но за жал, не секое дете ја има можноста за овие работи.  

                      Деца живеат на улици, боси, без храна и без кров на глава. А пак некои живеат во дом без родители. Некои деца се жртви на семејно насилство и малтретирање. Многу деца страдаат од викотниците од строгите родители,болестите,вршењето физичко и психичко насилсство, секојдневно седење на ладните улици молење за скршен денар. 

                     Зошто? Зошто овие деца да ја немаат среќата што ја имаме и ние? Зошто мора да има дискриминација, насилство и омраза меѓу нас? Сите ние сме само деца. Секој од нас бара и посакува љубов, семејство и пријатели, топол дом, насмевки, на зима правење ангелчиња во снегот, а пак на лето правење замоци од песокот. Многу ми е жал што некои од овие невини деца детството го поминуваат како да се затвореници. Едноставно детството им е несреќно. Размислив, и сватив дека јас сум пресреќна што го имам моето семејство, врсниците, топлиот дом и секоја желба исполнета. Бидете среќни со тоа што го имате, не секој ја има таа привилегија на среќно детство и нормален раст. 


Автор: Тамара Додевска 7-2


НЕКОИ ДЕЦА ИМААТ НЕСРЕЌНО ДЕТСТВO

 

Седам покрај прозорецот, ја гледам зимата како заминува и

настапува пролетта. Сеуште е студено, некаде сеуште има снег. Мене ми е топло, имам кров над главата и храна на масата. Имам топла постела и големо семејство.

Но што се случува со децата кои ги немаат овие работи?

На децата кои им е ладно, немаат храна, немаат дом и семејство кое се грижи за нив. Оние деца кои се измачувани, избркани, децата кои немаат среќно детство.

Честопати како деца неможеме да го разбереме тоа. Многу пати знаеме да се споредуваме, да го посакуваме подоброто и да ги заборавиме работите кои веќе ги имаме.

Да, точно дека сите деца имаат исти права и заслужуваат да имаат среќно детство. Но за жал живееме во еден суров свет...навистина суров свет.

Па така овие нежни без-грешни детски срца се оставени на само.

Праќам апел до вас возрасните; сеуште ја немаме таа моќ

да ги нахраниме гладните стомачиња, да ги стоплиме ладните рачиња, да ги сопреме војните бидејки сите деца заслужуваат да имаат

СРЕЌНО ДЕТСТВО!!!



Автор и уредник:

 Катарина Пислевиќ

7-2






Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче