Мартинки

     Мартинка — висулец од засукани конци кои се ставаат на 1 март за здравје во многу земји меѓу кои Македонија, Србија, Бугарија, Романија и Грција .Изработена е во две основни бои-црвена и бела од волнено или памучно предиво.

     Уште овој празник се нарекува и празник на Баба Марта. Црвената боја - крв, живот;  бела - чистота, среќа. Традицијата е на првиот ден од март кога најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Мартинките се носат до 22 март односно до појавата на првото процветано дрво или на првиот виден штрк, а во Македонија и до здогледување на првата ластовица. Потоа се ставаат под камен или се закачуваат  на дрво. Ако после еден месец под каменот има мравки, тоа значи дека годината ќе биде бериќетна.

















Понекогаш мартинката се пушта во најблиската река "за да оди, како тече реката". Традицијата вели уште дека среќа носи таа мартинка која ти е подарена. Затоа сите си подаруваат мартинки (роднини и пријатели).

Како се прави мартинка?


Земате еден бел и еден црвен конец - по можност волнен и ги заврзувате двата конца еден за друг. Го затегнувате конецот и почнувате да засукувате помеѓу прстите само во една насока. Ги вртете конците, додека не почнаат да се завиваат еден со друг, и тоа на ситни суканици. 









Автор и уредник: Сара Ангелова VIII-3
















 





Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче