Како ја наследуваме бојата на очите

Сте се запрашале ли некогаш зошто ја имате токму таа боја на очите, а не некоја друга? Или пак, зошто немате иста боја како вашите родители, брат, сестра?

Порано научниците користеле едноставен модел за да одговорат на ова прашање. Денес, со напредокот на науката, иако сè уште не е доволно истражена оваа област, познато е дека генетиката на бојата на очите, косата, кожата, е многу посложена отколку што некогаш се мислело.

Бојата на очите е резултат на концентрацијата на пигмент наречен меланин што ја содржи ирисот, кој ја опкружува зеницата на окото и контролира колку светлина може да влезе во окото. Бојата на ирисот се движи од многу светлосина до темнокафеава. Најчесто, бојата на очите е категоризирана како сина, зелена или кафеава.

Бојата на очите се одредува со варијации во гените и е директно поврзана со количината и квалитетот на меланин во предните слоеви на ирисот. Луѓето со кафеави очи имаат голема количина на меланин во ирисот, што резултира со поголема апсорпција на светлината, а помалку светлина се рефлектира. Луѓето со сини очи имаат многу помалку меланин, па затоа кај нив помалку се апсорбира, а повеќе се рефлектира светлина од синиот спектар на бои и нивните очи изгледаат сини. Не постои син и зелен пигмент на очите, туку само кафеав меланин.

 

Интересни факти во врска со бојата на очите: 

  • Кафеавата боја е најчеста боја на очи во светот 
  • Посветлите бои, како сината и зелената, се наоѓаат речиси исклучиво кај луѓето од европско потекло 
  • Сини очи имаат околу 8% од сите луѓе во светот 
  • Зелени очи имаат околу 2%, а најретка боја на очите е сива, со околу 1% од целокупната популација на Земјата 
  • Луѓето со сини очи имаат еден заеднички предок од пред 6000-10000 години, кој имал генетска мутација и е причина за сите синооки луѓе на планетата 
  • Околу 16 различни гени ја одредуваат бојата на очите 
  • Сините очи содржат најмалку меланин и заради тоа се најосетливи на сончева светлина

 

Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Нашето ново катче