Превенција од насилство

  Насилството е една од честите и лошите појави што на некого би му се случиле. Честопати насилството се прави врз деца кои се успешни и добро воспитани. Но, за да се спречи насилството постојат одредени правила, кои се утврдени со закон.
  Жртвата подложена на насилство има физички или психички нарушувања, па затоа можеме да кажеме дека има повеќе видови на насилство и тоа: вербално, психичко, физичко, сајбер и многу други.
 Различните видови на насилство се третираат на различни начини. Најмногу е застапено вербалното и сајбер насилство.
  Вербалното насилство се сведува на зборови упатени или кажани за некого. Тоа може да биде во негово присуство или позади грб. Различни луѓе реагираат различно на овие вербални навреди. Некои луѓе од засегнатите-жртвите, возвраќаат, некои го чуваат во себе, а пак, други го игнорираат. Игнорирањето е начин да  се избегне конфликт. Луѓето кои го поттикнуваат ова насилство се секогаш незадоволни од себе и сите свои недостатоци ги искажуваат преку навреди, на оној кој не можат да го достигнат. Со тоа луѓето кој вршат вербално насилство кажуваат колку им надостига она што го поседува другиот,односно жртвата. Ова насилство може да го сретнеме и како сајбер насилство. Тоа исто така се темели на навредливи зборови но, тие зборови се постирани јавно, на интернет. Ова значи дека  секој  може да го види коментарот на апликацијата каде е извршено сајбер насилството. Сајбер насилството најчесто може да влијае ризично врз личноста бидејќи може да си го промени карактерот за некој коментар што не е ни вистина.
 Понекогаш овие насилства врз личности кои не се психички стабилни завршуваат фатално. Промената на карактерот поради овие насилства кај жртвата е лоша бидејќи таа се плаши да го искаже она што го чувствува и се плаши  да им се спротивстави.
 Затоа бидете свои и оставете ги луѓето да зборуваат и да си ги надополнуваат своите недостатоци, а вие игнорирајте го тоа.
   Сакајте, почитувајте, помагајте. Стоп за насилството.
Автор: Клара Караџоска VIII-2
Уредник: Михаела Димчова VIII-2



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче