Мојата Чест

 

Мојата чест

 

Ова што се случи пред неколку недели ми го смени животот засекогаш и ме научи многу важна лекција. Ќе почнам вака, кога веќе имам храброст да ја признам мојата грешка и причината за моето не-морално однесување.

Пред неколку месеци бев многу осамена, толку бев љубоморна на децата на моите соседи кои впрочем се многу поголеми од мене. Да си признавам, и јас сакав да имам мое друштво.

Koга се преселивме во новото маало децата од одделението беа многу дружељубиви,

Тие веднаш ме примија во едно друштво, но поканата во тоа друштво ме научи најголемата лекција во животот а тоа е Со кого си таков си!

По некое време поминато со моето ново друштво моите дома почнуваа да приметуваат дека однесувањето и стилот ми се доста променти.

Така течеа работите но се тоа беше толку брзо што не почуствував.

Се до еден ден, ах тој еден ден...

Мојата другарка ми се закани дека ако сакам да останам во нивното друштво треба да украдам нешто од трафиката на главната улица.

Иако во моето срце очигледна беше одлуката да не го направам тоа сакав да останам во нивното друштво кое тогаш ми значеше се на светот.

Влегов внатре и грабнав едно лижавче од полицата. Токму тогаш кога мислев дека поминав добро позади мојот грб извикна продавачката кога погледнав пред мене мојата другарка ја немаше никаде.

Продавачката кажа дека ќе ги викне моите родители и полицијата.

Во тој момент ја сфатив грешката и потонав во мојата тага и неизвеснот.

Само се молев да не дојде полицијата.

Продавачката ми кажа да ја однесам до мојата куќа, а јас немав друго решение.

Таа веднаш ја затвори трафиката и тргна по мене.

Кога ја видов мајка ми како влегува внатре се замрзнав, по неколку мигови бевме на прагот на вратата и ѕвоневме на ѕвончето.

Мајка ми отвори и таа зачудено го извика моето име. Продавачката и раскажа се на мајка ми.

Таа рече сум била среќна бидејки не сум завршила во полиција.

Мајка ми го плати долгот и продавачката си замина.

Таа секако ме искара се додека јас не ја кажав причината за моето дело.

Таа ми рече повеќе да не се дружам со секого и да го бирам моето друштво и секако бев и казнета (десет дена освен на училиште не смеев да излегувам после училиште).

Велат дека се се случува за причина и јас дефинитивно ја научив мојата лекција.

Пред било кој да направи било што треба да размисли.

 


 

Творба на тема „Мојата чест“ по предметот Етика

Автор и уредник: 

Катарина Пислевиќ 7-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Нашето ново катче