Посакувам среќно детство за сите деца во светот
Додека јас бев мала уживав да гледам цртани филмови, но така и брзо заспивав. Детството е незаборавно, бидејќи најубавата возраст е додека сме мали, бидејќи мајките се најпосветените личности, кој се грижат за нас, не чуваат, хранат, и играат со нас. Сите деца се среќни додека ја имаат мајката. Таа е секогаш покрај нас во злото и доброто, тука е секогаш дури и ние додека растеме. Најубавите моменти се наоѓаат токму во детството. Додека сме мали почнуваме во градинка, таму запознаваме многу, многу други деца кој сме сите заедно. Па во подоцната возраст почнуваме во училиште, таму запознаваме уште повеќе другарчиња, но и другарчиња што веќе ги знаеме од градинка. Јас мислам дека треба да ги доживуваме настаните што се случуваат во оваа возраст, бидејќи еднаш сме деца. Детството не се враќа повторно.
Автор: Ања Накова VII-1
Уредник: Сара Ангеловa VIII-3