Посакувам среќно детство за сите деца во светот

  

Секое дете треба да има право на љубов и среќа во младите години. Детството е само еден краток период од животот на секој човек, кој многу брзо минува. Стрелките на часовникот вртат, и затоа секоја секунда е важна и треба да се живее. Детството е најубавото нешто кое е многу краток период од животот на секое дете. Секое дете има право на мирно, среќно и детство полно со љубов. Не треба да брзаме да пораснеме, треба да го живееме секој момент од нашиот живот. Секое дете додека е во водите на детството, треба да го живее безгрижно, со многу љубов и среќа исполнето со најразлични авантури. Јас посакувам секое дете во светот да има безгрижно, среќно, забавно, разиграно и детство со многу љубов. Во семејството да има само среќа, насмевки и забава. Децата додека се мали треба да уживаат затоа што кога ќе пораснат ќе треба да се грижат за сè. Посакувам СРЕЌНО ДЕТСТВО ЗА СИТЕ ДЕЦА ВО СВЕТОТ!

Автор: Јована Митровска VII-1

Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче