Опасен онлајн разговор- Сара Дарер Литман
Живееме во информатичко општество каде интернетот е неопходен дел од животот на луѓето.Но како што се користи за добри цели, тој така и се злоупотребува од страна на одредени индивидуи.
Опасен онлајн разговор е страшно поучна книга која може да им одржи неверојатно добра лекција на сите млади луѓе. Преку нејзе отвараме реалистичен и моќен поглед во животот на тинејџерите и онлајн искушението за запознавање нови луѓе.
Извадок од книгата:
"Здраво. Јас сум Аби Џонстон и лани бев жртва на интернет предатор. Како и најголемиот дел од вас, така и јас си мислев дека такво нешто не може да ми се случи на мене. Можам да се обложам дека и вие, како и јас, си мислите дека ваквите работи им се случуваат само на други луѓе. Глупави луѓе. Луѓе кои не знаат што прават. Па јас сум тука да ви кажам дека не е баш така. Ова може да му се случи на секого… Но, јас се надевам дека можам да го спречам тоа со раскажување на мојата приказна. "
Книга која ме натера да ја прочитам во еден здив…
Автор и уредник: Ања Јовановска VIII-4