Се случува кога е темно

 


 

 

Сјајната месечина надвор, чиниш ги тераше ѕвездите од љубомора да беснеат низ срамежливото небо. Затемнетост. Бура од емоции, загриженост. Просторот наликуваше на задушен оклоп...и тогаш доаѓаш ти. На твоите трепки танцуваат снегулки. Потоа се топат. Размислував. Tака настанале твоите сини и сјајни очи. Немирни мисли. Кога можеле да се скротат? Исчезнуваш.Што гледам? Гледам човек кој живеел во формата на деновите, но не и во нивната содржина. Се смеел кога часовникот ќе отчукал нов час, кога скапаното јаболко ќе паднело од јаболкницата, кога кафето ќе претекло на ринглата пиштејќи и кога ќе пукнел првиот смев во новите утра. Но го игнорирал постепеното умирање на јаболкото, различното времетраење на часовите и бавното но сигурно кревање на кафето. Се враќам во реалноста. Никој нема и стојам сама. Снегулките паѓаат една врз друга. Те гледам тебе. Исчезнуваш. Сакам да викам ама неможам. Устата затворена. Нечија силуета позади мене. Се смешка. Си гледа. Безпомошно те гледам. Ја пружиш раката кон мене. Сакам да поттрчам, ама како? Прикована. Почуствував силна болка и се онесвестив. Се разбудив. Беше само сон. Само сон... така ?



Автор и уредник: Ања Јовановска VIII-4



Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче