10 Работи кои можете да ги направите пред крајот на распустот

 

10 Работи кои можете да ги направите

пред крајот на распустот

 

 

1.     Да прочитате некој расказ, книга или лектира.

Читањето ги релаксира и позитивно влијае на луѓето. Сите книги имаат посебна и уникатна приказна.

 

2.     Да ја расчистите вашата соба, биро или работно место.

Се верува дека луѓето се чуствуваат многу по продуктивно и побрзо ги завршуваат дадените задачи.

 

3.     Да го расчистите вашиот „Desktop“ и екранот на мобилните.

Секогаш симнуваме датотеки кои често ни се непотребни и не ги користиме.  

Така што сега кога имаме доволно време може да ги избришеме непотребните датотеки.

 

4.     Да ги повторите лекциите кои не ви се најјасни.

Сега е вистинското време да ја отворите страната „Е-Училница“ и да ги повторите нејасните лекции.

 

5.     Да играте друштвени игри со вашето потесно семејство.

Секако, ситуацијата не е најповолна за да излеземе надвор но секогаш може да се забавуваме и дома со најблиските.

 

6.     Да гледате некој филм или серија.

Има многу детски и фантастични филмови на телевизија и интернет. Сигурно ќе најдете нешто што ви се допаѓа.

 

7.     Да цртате или правите нешто креативно.

На интернет може да најдете многу интересни идеи.

 

8.     Да се јавите на стари пријатели или пошироко семејство.

Време е да ги вратите контактите на со пријателите.

 

9.     Да пробате да свирите некој инструмент.

На интернет може да најдете многу интересни работи па дури и туторијали за свирење инструменти.

10.  Да го читате блогот на „ООУ Дане Крапчев“.

Секако, последниот предлог е да уживате и да го читате нашиот блог.

 

 Имајте убав остаток на распустот и уживајте во слободните денови.

 


АВТОР И УРЕДНИК:

Катарина Пислевиќ 7-2

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Училишни спомени

Нашето ново катче

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров