Авантурата во зимската вијулица
Фију-фију! -ветрето тивко дуваше и ги разнесуваше белите балерини наречени, снегулки.Земјата топло покриена, дрвјата облечени во нивните нови бели и меки бунди.Тоа беше прекрасната глетка која ми внесе топлина во душата, на овој зимски ден.Затоа решив да излезам на прошетка.Топло облечена се шетав во добро познатиот парк во нашиот град.Таму елките и бандерите беа веќе украсени со сјалички во најразлични бои.Но одеднаш започна ветерот посилно да дува и фучи,снегулките паѓаа во уште поголем број.Јас бев изненадена и возбудена.Ветерот како да ме носеше на маѓично патување. Јас седнав на клупа која се наоѓаше под едно дрво.Ветерот си играше со гранките на дрвјата,како да сакаше да ја земе меката и топла бунда.и оп, одеднаш… врз мене падна снег. Ах тој неранимајко! Од кога се исчистив од снегот во далечина го забележав смрзнатото езеро кое блескаше како дијамант. Станав и се упатив кон него да го видам одблизу, но на ум ми дојде друга идеја. Го исплазив јазикот и пробав да фатам снегулки.Тие полека паѓаа и веднаш се топеа, а јас веднаш почнав да се смешкам.Ветрето ми шушкаше во ушите и ми шепотеше некаква мелодија.Бев толку занесена што не го забележав телефонот како ми ѕвони.ја дигнав слушалката.Од другата страна беше мајка ми, која ме прекори дека треба да дојдам дома бидејки ветерот бил премногу силен.Затоа морав да се збогувам со тој прекрасен зимски пејсаж.Ех,зимата е толку убава!