Климент Охридски
На Кирил и Методиј ученик е тој,
азбука создал за народот свој.
Кирилица таа се вика,
словенскиот народ на писменост го свика.
Црковни книги вредно преведува,
во светот на знаењето нè воведува.
8 Декември во негова чест го славиме,
неговото име да не го заборавиме.
Автор: Христијан Гочевски Иваноски VI-1
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3