Најубавиот Подарок

Најубавиот Подарок

 

Марина седеше на клупата во градското паркче и размислуваше што би можела да побара од Дедо Мраз оваа година.

И се чинеше дека има се што некогаш посакала. Во тој момент здогледа едно момче кое го шеташе неговото милениче, едно мало бело кученце.

Како да и светнаа очите и во брзина на светлината истрча во зградата.

Влезе во собата легна на нејзиниот кревет и зеде бел лист хартија.

Што ли пишува таа?

Писмото го спакува во едно новогодишно плико.

Повторно ги облече своите чизми и тркна до поштенското сандаче.

Го стави писмото и со насмевка замина.

По неколку дена на училишната новогодишна забава сите зборуваа што сакаат за нова година.

Тања рече дека ја сакала најновата "Canon" камера.

Теодор сакал "PlayStation 5".

А пак Петар сакал телевизор за неговата соба.

Кога Дарија ги слушнала нивните желби таа рекла:

-Како убави желби! А потоа ја прашала Марина што таа сака за Нова година.

Марина без да размисли извика:

-Куче. Едно мало бело слатко кученце.

Целото одделение се смееше.

Знаеш дека Дедо Мраз не носи животни? - рече Теодор.

Ќе видиме!- рече Марина и си замина.

Дојде и Новогодишното утро.

Марина ја разбуди едно бело милениче.

Целиот распуст таа го помина со него.

На 21 јануари целото одделение се собра на одделенскиот час.

Наставничката Зорица ги прашуваше учениците како ги поминале празниците и што добиле за нова година.

Сите се гледаа едни кон други додека Марина да не ја крене раката.

-Повели Марина.-рече наставничката.

-Наставничке јас добив едно кученце, многу мало и слатко.-рече таа

Целото одделение се засрами на порано кажаните зборови.

Сепак од целото одделение, Марина го имаше добиено најдобриот подарок.

Потоа по часовите целото одделение отиде во станот на Марина и го галеа нејзиното кученце „Макси“.

Сепак заклучија дека најубавиот подарок не е колку пари тој вреди туку колку среќа тој ни носи.

 

 


Уредник и автор:

Катарина Пислевиќ 7-2

 

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче