Добар пример за сите луѓе
Добар пример за сите луѓе
Во сегашно време
народот не се однесува многу културно. Ми дава впечаток дека човештвото оди
надолу наместо нагоре. Секогаш кога некој ќе ме прати во оваа продавница
навистина обожувам да се поздравам со една од продавачките.
Би ме прашале
зошто, но одговорот е многу едноставен. Таа се однесува добро со сите.
Ова попладне
поканивме гости и точно половина час пред тие да дојдат мајка ми забележа дека
немаме доволно сок.
Ме прати до
блиската продавница каде работи добрата продавачка.
Влегов внатре и
се упатив кон полиците полни со разни видови сок. Зедов едно шише сок од
портокал и застанав во редот.
Дали тоа ќе биде
се?- со мил тон на гласот се обрати добрата продавачка кон една повозрасна
жена.
Да мила.-врати
жената и ги подаде парите кон продавачката.
Имајте убав
ден!- и посака продавачката и жената си замина со насмевка на лицето.
Додека седев во
редот случајно слушнав како една друга продавачка води разговор со еден
муштерија. Таа рече:
-Сега дај ми
двеста триесет денари.
-Еве веднаш-се
обрати човекот.
-Ајде бре нема
да чекам више!
Си помислив,
колку лошо мора да се чуствува човекот и брзо дојде мојот ред.
Добар ден!- ме
поздрави.
Ѝ реков добар
ден и го подадов шишето сок.
Се насмевна и
рече:
-Седумдесет
и три денари.
И ги
подадов парите и додека ги ставаше во касата ме праша како сум.
Одлично-
и одговорив и таа љубезно ми ја подаде кесата и рече:
-Догледање
драга!
-Довидување!-реков
и излегов од продавницата.
Колку
љубезна жена.
Колку би
сакала сите луѓе да бидат добри како оваа продавачка.
Автор и Уредник:
Катарина
Пислевиќ 7-2