Моите новогодишни желби
Секоја година, секој човек и секое човече на нашиов интересен свет си прави кратка или долга листа со своите работи и желби кои сака да ги исполни оваа година. Новата година е исполнета со многу изненадувања. Зелената елка стои во еден агол на нашата дневна соба накитена со разнобојни лампиони и сјајни сијалички. А под елката? Под елката се кријат нечии новогодишни желби.
Секоја година е почеток за нови почетоци. Секое мало детенце мечтае да го запознае Дедо Мраз кој лета на големата дрвена санка високо на небото која ја влечат кафеавите ирваси и од оџакот оденаш да пристигне во нивната соба за да ги добијат своите новогодишни поклончиња исполнети со слатки и посакуваните играчки.
Но ова девојче не ја посакуваше типичната желба на секое мало детенце. Марта е едно убаво девојче кое во моментов живее само со својата мајка. Нејзиниот татко беше отиден во странство да работи една година. Знаеме дека тоа го прави за подобра иднина на своето семејство, но на Марта и недостасуваше неговата топла прегратка, неговата посебна насмевка, да ѝ чита бајки пред да заспие и да потоне во волшебните приказни во нејзините соништа. Постојано се гледаа и зборуваа на социјалните мрежи, но тие не можат да заменат нечие присуство до нас. Колку и недостасуваше на Марта, толку и недостасуваше и на нејзината мајка. Тие заедно поминуваа убаво време исполето со љубов, смеа, топлина, среќа, но како нешто да недостасуваше во семејната сложувалка. Марта еднаш ја праша мајка ѝ:
- Мамо, јас мислам дека не барам многу од Дедо Мраз за Нова година, само тато сакам што поскоро да си дојде дома и да го прегрнам најсилно што можам и никогаш да не го пуштам. Зар не?
Во тој момент татко ѝ на Марта влезе во собата. Таа многу се израдува што повторно го гледа својот татко, а и тој неа. Сите заедно се прегрнаа и потоа зборуваа за многу нешта што се случувале изминатиов период. Откако заврши долгиот разговор, Марта пресреќна истрча до прозорецот и погледна кон темното небо осветлено од сјајот на месечината и ѕвездите и рече:
- Многу те сакам Дедо Мраз! И многу сум ти благодарна што тато повторно го врати дома, каде што треба да е!
Ништо и никој не може да го замени домот и луѓето кои што живеат во него. Да бидеме среќни што нашите родители се до нас и да го живееме животот со позитивна енергија и голема насмевка на лицето! :)
Автор и уредник: Михаела Димчова VIII-2