Мојот град слави
Моменти на среќа и возбуда
Обземаат и младо и старо
Јарболи со знамиња развеани и ученици распеани
Ова е за роденденот твој, Скопје граду мој
Тивко Вардар ти шепоти и честитки бранува за денот твој.
Град до темел изгорен,
Разрушен, поробуван и уништуван
А секогаш одново граден, обновуван, и секогаш поцврст, помодерен
Длабоко во срцата на жителите, сакан и обожуван.
Старата чаршија, Калето, Камениот мост и Водно
Луѓе од цел свет ги посетуваат и за нив зборуваат
А музеите, Аквадуктот за минатото сите нè потсетуваат.
Верба имам и желби до небо ќе испратам
Идни генерации многу, во твои прегратки да растат и со тебе да се развиваат.
Автор: Дарјан Јовчев VI-3
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3