Интересни факти за технологија


Во оваа објава ке прочитате нешто интересно за технологијата.

Односно технологијата претставува широк концепт кој го опфаќа користењето и разбирањето на алатки и вештини од страна на некое суштество и како тоа влијае на неговата спопсобност да ја контролира и да се приспособи на својата природна околин исто така таа ги претставува материјалните предмети кои ги користи човештвото, како што се: машиниалатки и слично.

Еве некои интересни факти за технологијата:

Првиот видео рекордер е продаден во 1956 година за 50.000 долари, а бил голем колку клавир.

Компанијата Nintendo постои од 1889 година, а пред да започне да прави видео игри, продавала карти за играње.

Првиот будилник, измислен во 1787 година од Леви Хачинс, можел да ѕвони само во 4 часот наутро.

Првата QWERTY тастатура била направена со цел да пишуваме побавно. Нејзиниот творец, Кристофер Латам Шолс.

 Мартин Купер, инженерот на Motorola, во 1973 година го направил својот прв телефонски повик со мобилен телефон.

Првата веб-страница на Тим Бернерс-Ли, креаторот на World Wide Web, сè уште постои.

Се проценува дека луѓето задржуваат само 1 од 10 апликации што ги купуваат. Остатокот го бришат порано или подоцна.

Низ светот продадени се повеќе од 682 милиони iPhone телефон

 На првата камера која човекот ја создал, само за создавање на една слика ѝ биле потребни цели 8 часа.

Во компјутерскиот свет, 30 ноември е познат како „Ден на компјутерската сигурност“


Автор:Теа Јордановска 7-3 одд
Уредник: Катарина Пислевиќ 7-2 одд




Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче