Легендата за познатото цветче-кокиче!
Еднаш многу одамна си живеело едно девојче со својот татко. Девојчето се викало Кокиче. Еден ден Кокиче тргнало во село кај баба и. Затоа што било Декември паднал и првиот снег. Девојчето се мрзнело, а под нозете и крцкал студениот снег. По патот нашло едно шупливо дрво и легнало под него. Прошле неколку дена а девојчето умрело под шупливото дрво. Скоро Февруари помина, а на местото каде што Кокиче умре се роди цвет. Бел како нејзината коса и нежно како девојчето. Луѓето што поминувале го виделе цветот и го нарекле Кокиче по името на починатото девојче.
Автор:Анастасија
Ивановска VI-3 одд.
Уредик:Ања Јовановска VIII-4