Јас сум капка
Здраво, јас сум капка. Се наоѓам во облак. Секој ден станувам сè поголема и поголема. Еден ден на облакот почнав да му тежам. Наеднаш почнав да паѓам, ме повлече гравитацијата. Паднав на копно. Ме впи земјата. Многу се исплашив дека беше многу темно. Слушнав бум-бам. Тоа беше камче. Потоа слушнав скви-скви. Тоа беше глувче. Одеднаш се сретнав со пет други капки. Сите заедно се втурнавме една во друга и така станавме голема капка. А потоа најдовме и други капки. Видовме голема светлина.
- Јееееј! Најдовме отвор. Отворот нè доведе до еден голем океан. Се најдов со сите мои останати другарчиња од облакот. Чекавме да изгрее сонцето. Кога сонцето изгреа станавме многу лесни и летавме кон облакот во вид на пареа. Кога стигнавме до облакот пак се зголемував... и...
Го живеам водениот циклус на кружното движење на водата, бидејќи јас сум вода и сум потребна на сите живи суштества.
Автор: Анастасија Мирчевска IV -1 одд.
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3