Дали сте знаеле..?!

    Доколку ги запишуваме своите соништа, побрзо ќе ги оствариме.


 Најдобро ги меморираме информациите ако после 30 до 50 минути учење 

      направиме десет-минутна пауза. 


  Мажите не се подуховити од жените, но се поопуштени и повеќе зборуваат, па 

не се оптоваруваат со тоа дали на другите им се допаѓа нивниот хумор или не.

 
 Луѓето кои знаат да кажат „благодарам“ и „извини“ се далеку посреќни и позадоволни од останатите. 

Може многу да се заклучи за нечиј карактер ако се набљудува неговото однесување со персоналот во ресторан. 


       Луѓето кои имаат силно чувство на вина се подобри во разбирање на мислите и чувствата на другите луѓе. 


  Жените имаат двојно повеќе рецептори за болка од мажите, но и многу 

повисок праг на толеранција. 


   Луѓето се посреќни ако често го прават она од што се плашат. 


   Кога држиме за рака личност која што ја сакаме, чувството на болка и несигурност се намалува. 


  Интелигентните луѓе имаат помалку пријатели од просечното. 


 Бракот со најдобриот пријател е со најмали шанси за развод и има големи 

шанси да трае доживотно. 


 Долгогодишната осаменост е штетна по здравјето како и пушењето по 15 цигари на ден. 


 Најчестиот кошмар вклучува паѓање, неподвижност, прогонување и смрт на блиска личност. 


Колку се посреќни луѓето, толку помалку сон им е потребен. 

Автор: Ева Серафимовска VIII-4
Уредник:  Ања ЈовановскаVIII-4





Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Нашето ново катче