Легендата за жената која живеела во дрво..
Си живеел еден принц со татко му. Принцот
имал 20 години и веќе дошло време да се жени. Татко му организирал забава со
сите најубави и најмлади девојки. На принцот му се здосадило на забавата и излегол
надвор. До едно дрво седела најубавата девојка што некогаш ја видел принцот. Седнал
до неа и почнале да разговараат. Кога се завршила забавата, принцот си легнал,
ама не можел да ја заборави девојката. Утредента принцот седел покрај дрвото и
чекал да падне мрак. Кога дошла и ноќта, девојката излегла од еден сокак. Седеле
и разговарале. Принцот станал и почнал да оди кон замокот, ама пред да влезе се
скрил зад едно дрво. Девојката погледнала наоколу и влегла во дрвото каде
дотогаш седеле и разговарале. Ноќта кога си легнал, помислил дека девојката е
нешто лошо. Утредента наредил да се исече дрвото. Дошле луѓе и го исекле дрвото.
По неколку години, кога принцот се оженил насадил дрво на местото каде претходното
дрво го исекле. Секој ден го одгледувал, го полевал со вода. Еден ден кога
дошол да го посети дрвото, на него пишувало: „Ми заби нож во грб“.
Автор:Анастасија
Ивановска VI-3 одд.
Уредник:Ања Јовановска VIII-4 одд.