Сензорна соба во нашето училиште

 

 

 Секое дете има право да се образува на начин што го разбира и да се чувствува прифатено во средината во која се наоѓа.

  
  На Отворениот ден за граѓанско образование во нашето училиште поддржано од Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор-Македонија, во чест на Меѓународниот ден на детето, 20 ноември, по иницијатива на училишниот клуб ,,И јас имам глас" и ученичкиот парламент, во рамски на проектите ,,Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран" се отвори сензорна соба. Целта на учениците беше да се создаде нова и поволна средина за нашите другарчиња каде ќе можат подобро да се образуваат и поквалитетно да го поминуваат своето време. 



  Беше спроведен и прашалник-анкета, за тоа што мислат другите ученици во врска со оваа тема. Тие со задоволство го поддржаа проектот и ја разбраа потребата од оваа просторија. Нашите наставници исто така нѝ пружија голема помош со осмислување на изгледот на собата, а и на градоначалникот многу му се допана нашата идеја, тој ни даде незаменлива поддршка во реализација на овој проект. Многу сме благодарни на организацијата Save the children International која го финансираше проектот во рамките на ,,И јас имам глас" преку Шведската Агенција за меѓународен развој и проектот ,,Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран" финансиран од ЕУ.
  Ние сме пресреќни што сме причина за нечија поголема насмевка на лицето.
  
Автор и уредник: Михаела Димчова VIII-2

                                          

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

Само еднаш сум дете

Училишни спомени

Нашето ново катче