Детските сништа во мугрите
О, колку сакам да пораснам голем, голем, најголем,
со кренати раце да ги допрам облаците
и уште повисоко да ги допрам ѕвездите,
да им ги раскажам сите мои желби и сништа.
Да им кажам дека сакам да бидам астронаут,
па постојано да летам меѓу нив
и да им шепотам за сите детски соништа
кои останале неостварени.
Ѕвездите се волшебни, имаат неверојатна моќ
да исполнуваат детски мечти,
кои се од сè срце посакани,
со искрени намери и најдобри желби.
Велат – ноќта е најтемна пред мугрите,
но тогаш ѕвездите најсилно светат,
за да го осветлат патот на детските соништа
кои патуваат кон нив, кон небото.
Многу сакам да пораснам висок до ѕвездите,
па да ги видам сите деца одеднаш,
како насмевнати сонуваат,
во своите топли домови.
Светете силно, ѕвездички!
Oсветлете го патот на сите детски желбички,
големи и мали, далечни и блиски,
затоа што надежта живее сè додека децата сонуваат.
Автор и уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3