Јас сум капка
Здраво! Јас сум капка која плива во големото море. Тука ми е убаво, со моите роднини. Цело утро го очекував да се појави сонцето. И еве го сега светна.
Сонцето кога ги покажа своите зраци се стопли морето. Во пареа се претворија неколку капки меѓу кои бев и јас и нè однесе во атмосферата. Јас бев толку лесна и летав кон облаците. Во облакот се допрев со ладниот воздух и се претворив во капка. Имаше уште многу капки, се туркавме една од друга и станувавме големи. Одеднаш станав многу голема и тешка и немаше повеќе место во облакот. Излегов од него. Ветерот ме вртеше како балерина низ снежно лизгалиште, лево-десно. Паднав на една рамница. Таа ме впи во земјата. Таму беше многу темно и се плашев... Од далеку видов светлина и се упатив кон неа.
Низ отворите на почвата, сончевите зраци допреа до мене за да ми го покажат патот. Со некои мои другарчиња се разминавме кај корењата на ружата. Тие од корењата, преку стеблото и листовите би оделе кон атмосферата. А јас... Клуп! Пак се најдов во морето.
Автор: Мила Николова IV-1 одд.
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3