Инсекти


Инсекти, што се тоа инсекти?
Инсекти  се група на членконоги кои имаат хитински надворешен скелет, триделно тело (глава, торакс и абдомен), три пара на членести екстремитети, сложени очи и две антени.
 Тие се една од најразнообразните групи на животни на планетава, со преку милион опишани видови и сочинуваат повеќе од половина од сите познати живи суштества.
 
Бројот на рецентни видови се проценува на шест и десет милиони,
и веројатно претставуваат над 90% од различните животински форми на Земјата. Инсектите може да се најдат во речиси сите животни средини, иако само мал број на видови се среќаваат во океанот, станиште во кое доминира друга членконожна група — раковите.
Животните циклуси на инсектите се различни, но повеќето се изведуваат од јајца.
Растот на инсектите е ограничен од страна на нееластичниот надворешен скелет (егзоскелет), при што во текот на развитокот тие неколкупати го 
преслекуваат.
Незрелите стадиуми можат да се разликуваат од возрасните по својата градба, навики и станишта каде живеат и може да се претставени со пасивен 
куклен стадиум кај оние групи кои подлежат на целосна метаморфоза. Инсектите може да подлежат и на нецелосна метаморфоза, при што недостасува куклениот стадиум, а возрасните единки се развиваат преку последователни ларвални стадиуми. Повисоките врски во групата Hexapoda се нејасни. Фосилизирани инсекти со огромна големина се најдени од Палеозоикот, како на пример, џиновски вилински коњчиња со должина на крилата од 55 до 70 cm. Најразновидните групи на инсекти коеволуирале со цветните растенија.

Еве некои по популарни инсекти:

 Пчели  се летачки ципокрилни инсекти коишто се блиско поврзани со оси и мравки. Пчелите се најпознати и важни во нивната улога во опрашувањето на разни растенија, а истовремено и за производство на мед и восок. Пчелите се монофилетска линија од натсемејството Apoidea и моментално се сметаат за клада, наречена Anthophila. Има повеќе од 16.000 позанти видови на пчели во 7 научно призанти семејства. Тие се присутни на секој континент освен Антарктикот, односно на секоја средина каде што се пристуни скриеносеменици опрашувани од инсекти. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera).

Пеперугите  образуваат голем ред на инсекти кој ги вбројува во себе молците и дневните пеперуги. Ова е еден од најбогатите со видови ред во светот чии претставници можат да се најдат речиси секаде. Обединува повеќе од 180 000 видови распоредени во 128 фамилии и 47 натсемејства. Името доаѓа од старогрчките зборови λεπίδος (лушпа) и πτερόν (крило). Проценките за видовото богатство укажуваат на тоа дека овој ред можеби има повеќе видови и се наоѓа меѓу четирите најголеми и најуспешни редови (HymenopteraDiptera и Coleoptera).

Мравки се еусоцијални инсекти од семејството formicidae и, заедно со осите и пчелите, припаѓаат на редот на hymenoptera. Мравките се појавиле наеднаш околу светот во доцниот дел од креда, но веќе биле доста разновидни од самиот почеток, сугерирајќи дека имале порани предци. Мравките еволуирале од семејство vespoid, еден тип на оси кои биле предци од периодот креда, кои станале мошне разновидни веќе поради зголемениот број на скриеносеменици. Повеќе од 12.500 од проценетите 22.000 видови на мравки се класифицирани до денес. Тие лесно се препознатливи од нивните искривени антени и дистинктивната јасолеста структура на нивното тенко тело

Автор:Теа Јордановска 7-3 одд

Уредник:Катарина Пислевик 7-3 одд




Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче