Сама

 Полноќ.Излегов на дождливото време да ми ги измие солзите.Погледнав кон небото и почуствував осаменост.Прикована седев така сама и немоќна.Малите светулки се сокрија зад темните облаци.Така чуствувајќи се напуштена ја сватив иронијата на капките дожд и го почуствував студенилото кое сум го насобрала во себе.Секогаш кога ќе помислев дека сум сама и дека единственото нешто што го имам е само мојата мисла,се наоѓаше некој да ми ја разниша хармонијата,всадувајќи ми чуство на сооднос и соживот во светот...но кратко по тоа,се случуваше да да неможам да престанам да размислувам дека кој и да се обидел да тропне на вратата на мојата душа,моето срце,згрешил,заминал,избегал а во мене оставил да тлее еден жар кој подоцна се распламтува во оган на разнишана самодоверба,која полека ме гриза и уништува.Се обидов да закрепнам,да избегам во моето меурче,да станам повторно сама,за да не погрешам и да не дозволам да ме допре топлината на огнот кој се по упорно гори.Никако не сваќав дека колку повеќе бегам, тој се повеќе се распламтуваше создавајќи изгореници од трет степен и се поголеми рани кои се повеќе болеа.Решив..незнам како..да застанам..да не бегам..веројатно затоа што веќе немам сила да бегам од себеси и она што сумПлашлива,глупава,немоќна.Се газев себеси.Како што ме газеа сите други.А,ако јас не се исправам,кој ќе ме исправи?Ако не сакам да се погледнам,кој би ме погледнал? Повторно сама со повторно редење зборови.Го избришав лицето.Погледнав во огледало.Одговорите кои ги пронајдов ги запишав на лист хартија.Пишувајќи,влегов во себе,почуствував растечка возбуда од која рацете почнаа да играат танц си моливот на хартиениот подиум.Чекорите на моливот ги создадоа нејасните букви,кои поради треперењето,раката не можеше да ги образува убаво...     

Ништо неможе повеќе да те уништи
од сопствениот мозок.



Автор и уредник:Ања Јовановска VIII-4

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче