На Скопје за 13 Ноември
Грееше еднаш едно друго сонце над Скопје.
Во темни окови беше окована неговата топлина, а страшниот виор на војната ја однел неговата светлина далеку од душата на народот. Земјата беше изорана од бомби, а водата загадена од изгниени трупови. Нераскинливиот синџир од окупатори и ропства ги црпеле последните сили на водечките способности, додека калливата окупаторска чизма не згазне на врвот на трпението на народот.
Не се сотре семето на тој измачен народ, не потона моралот длабоко во речните длабочини. Храбрите борци тргнаа на решителен јуриш.
Беше тоа една студена ноемвриска ноќ во која се раѓаше еден нов живот, во која растеше мирот. Истрелите ја распараа тринасеттата ноќ во дождливиот месец ноември. Беа тоа истрели кои означуваа крај на едно старо и во црн превез обвиено време и почеток на ново време, пурпурно, осветлено. Тие истрели ги запреа солзите и клетвите врз секоја куќа и го најавија новото време. Многу од нив паднаа покосени од непријателот, а оние што останаа, го понесоа знамето на мирот и слободата.
И огреа новото сонце под кое Скопје прерасна во град на убавината, во град на солидарноста. Денес Скопје е модерен и прекрасен град. Реката Вардар е ѓердан кој толку многу го краси градот крај реката, ужива во своите убавини, во ноќниот мир, во распеаноста на белиот ден. Навечер е мирно, сè е во длабок сон, но не и реката која раскажува за борбеноста на еден народ, кој знае за маки и ропство.
Скопје, граду мој, те сакам во тишината на ноќниот мир, во распеаноста на белиот ден. Гулаби на мирот, пренесете ги овие желби од овој град.
Автор: Маркијан Јовчев VI-3
Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3